Skip to main content Skip to footer
Историја на Асоцијација Макам-транс

Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија “Макам–транс“ претставува најголемо здружување на работодавачи на превозни трговски друштва во Р. Македонија.

Основната активност на Асоцијацијата  е унапредување и развој на меѓународниот превоз на стока како и внатрешниот превоз во рамките на територијата на Р.Македонија, со активно влијание за измена, допрезицирање и воведување на голем број законски одредби кои директно влијаеја и влијаат за подобрување на економската и социјалната положба на членството.

Зачетоците на синдикалното здржување на работодавачите се од далечната 1992 година, кога за првпат по осамостојувањето на Р.Македоноија е формиран синдикат на работодавачи со седиште во Кавадарци, за да во Октомври 1996 години се здружи со други синдикати во Унијата на независни автономни синдикати, каде фигурира до 12.04.2003 година.

Пререгистрирани, во 2003 година Асоцијација Макам-транс како повисок облик на здружување на трговските друштва со основна дејност - ПАТЕН СООБРАЌАЈ, со што се одвоивме и продолживме САМИ по патот за ПОДОБРО УТРЕ.

Врз основа на измените на Закон за работни односи, со укинување на синдикатите на работодавачи и нивно трансформирање во здруженија на работодавачи од 2010 година Асоцијација на независни синдикати Макам-транс се пререгистрира во Асоцијација на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“ што претставува синоним за македонските превозници.

Во периодот 1992 - 2024 година, раководството на асоцијацијата созреваше заедно со превозните трговски друштва, се реформиравме , се учевме од грешките и одевме напред, реалноста ни беше приоритет и затоа секогаш бевме и сме чекор пред сите. Спроведовме реформи кои значат ПОДОБРА ЕКОНОМСКА И СОЦИЈАЛНА ПОЛОЖБА НА ЧЛЕНКИТЕ.

Растот, развојот, имплементирањето на се она што е Асоцијација Макам-транс го постигна во периодот до 2024 година и што ќе се спроведува и во иднина, директно зависи од членките и нивната спремност да се борат за себе и за остварување на своите права.

 

Временска линија

1992 година - Формиран синдикат со седиште во Кавадарци;

1996 година - Здружување со други синдикати во Унијата на независни автономни синдикати;

2003 година - Пререгистрирани како самостоен облик на здружување на трговските друштва со основна дејност - ПАТЕН СООБРАЌАЈ;

2006 година - 450 членки;

2007 година - 1.000 членки - 15 години постоење;

2008 година - 1.700 членки;

2009 година - над 2.100 членки, со лиценца за вршење на дејност;

2010 година - Пререгистрирани во Асоцијација на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија Макам-транс Скопје;

2022 година - 30 години од првиот облик на здружување на превозниците;

2023 година - 20 години постоење како здружување на превозниците од повисок облик на цела територија на државата.

Ваш Макам-транс.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност