Политика за приватност
Асоцијација Макам-транс која ја одржува интернет страницата www.makamtrans.org.mk, почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.
Домен на применливост
Интернет страницата www.makamtrans.org.mk може да упатува на интернет страници кои не ги одржува Асоцијацијата – ова особено се однесува на интернет страниците за информации за состојба на патишта. Оваа политика на приватност не се однесува на овие интернет страници.
Податоци, собирање и употреба
Асоцијација Макам-транс ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата www.makamtrans.org.mk и се грижи за заштита на личните податоци. Асоцијацијата може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата. Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна. Доколку преку веб-страницата на Асоцијација Макам-транс е обезбеден линк до други веб-страници Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници. Ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да се процесираат сите поволности, новитети кои ги нуди Асоцијацијата.
Пораки доставени преку е-пошта и коментари
Кога ја посетувате нашата веб-страница и се најавувате, или, пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да Ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.
Заштита на личните податоци
Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации, но со претходно ваше информирање и добивање согласност. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).
Ослободување од одговорност
Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб-страница.
Промени во Политиката за приватност
Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.
Асоцијација „Макам-транс“