Skip to main content Skip to footer

Услови за користење

 

Асоцијација Макам-транс со најавата на секој корисник на веб страната Ви овозможува користење на содржините на својата веб страна кои се регулирани со Услови за користење и важат за сите содржини, страници, услуги, кои се во сопственост на асоцијацијата. Со користењето на веб страната на асоцијацијата, нејзините страници, содржини и услуги се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со Условите за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.

 

Обврски на корисниците при користење на порталот

 

Со прифаќање на Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на асоцијацијата ќе вклучуваат разни известувања, реклами и слични пораки за потребите на превозниците.

 

Промена на содржините на веб страната и услугите

 

Асоцијација Макам-транс го задржува правото на промена, отстранување на било која содржина на веб страната и услугите без обврска за претходна најава. Асоцијацијата не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени. Асоцијацијата го задржува правото за промени и/или бришење на коментари кои: содржат непристојни изрази, содржат навреди, не се соодветни, содржат закани или клевети, содржат говор на омраза насочени кон раса, боја, сексуална ориентација, национална или етничка припадност, возраст, религија. Асоцијацијата не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени.

 

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Асоцијација Макам-транс ја почитува приватноста на своите корисници. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи ако поинаку е пропишано со закон.

 

Врски (линкови) до други интернет страници

 

Некои од линковите на интернет страницата на асоцијацијата водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. Асоцијацијата на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност