Skip to main content Skip to footer

11 јуни - Обука со присуство за електронско пополнување на ЕКМТ дневник

Почитувани членки,

Ве информираме дека на 11 јуни 2026 година во просториите на Царинска управа Скопје (стара зграда – амфитеатар на први спрат) со почеток од 12 часот со физичко присуство ќе има обука која ќе биде одржана од Justas Rasomavicius од ITF - International Transport Forum, на тема електронско пополнување на ЕКМТ дневник. За обуката која ќе биде на англиски јазик обезбеден е и преведувач.

Присуството на обуката е задолжително за секој од Вас кој е корисник на годишни или месечни ЕКМТ дозволи, каде што ќе имате можност директно да поставите прашање во врска со користење на системот и одредени ситуации при најава на превоз на стока.

Присуството треба да го најавите најдоцна до 10 јуни на телефонските броеви на асоцијацијата 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001, 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност