Skip to main content Skip to footer

15.10.2025 - последен ден за апликација за меѓународни транспортни дозволи за 2026 година

Почитувани членки,

Денес, 15.10.2025 година до 23:59 минути е последен рок за аплицирање за годишни ЕКМТ дозволи и годишни поединечни транспортни дозволи.

Проверете ја убаво направената апликација, проверете дали го имате големиот MT број, тоа е бројот под кој ви е зачувана апликацијата. Апликацијата може да ја поминете неколку пати, за важечка се смета последната снимена апликација.

Ви препорачуваме убаво да ги проверите податоците кои ви се наведени за вашето трговско друштво, бројот на возила (внесени ЕКМТ тест сертификати со МК број), возачи и доколку констатирате дека одредени податоци не ви се внесени или коригирани согласно поднесени барања заклучно со 10.10.2025 година, за истото да доставите допис преку писарницата на Министерство за транспорт за Комисија за распределба на меѓународни дозволи или по мејл на cemt@mtc.gov.mk, а во CC да го ставите мејлот на асоцијацијата info@makamtrans.org.mk.

Ве потсетуваме дека обврската за евидентирање на податокот за ЕКМТ тест сертификат за влечно и приклучно возило веднаш по издавање на истиот е на техничката служба која го издава и кој МОРА да е со важност од 13.10.2025 и повеќе за да може возилото да биде бодирано за претстојната апликација за ЕКМТ дозволи.

За сите други податоци, влекачи, приклучни возила, приход, добивка, возила од претходна година, доколку не се точни треба да доставите допис до комисијата и потребен доказ за утврдување на точниот податок за кој тврдите дека не е точен.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност