18.06.2025 - онлајн обука за електронско пополнување на ЕКМТ дневник
Почитувани,
На покана од Министерство за транспорт, Ве информираме дека на 18 јуни 2025 година во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на тема електронско пополнување на ЕКМТ дневник, ќе има онлајн обука на платформата Teams.
Обуката ќе биде на англиски јазик, и секој од Вас кој е корисник на ЕКМТ дозволи треба да се најави со цел навремено да се запознае со новиот систем (ECMT Digital System) што значи електронско пополнување на извршени превози во електронски ЕКМТ дневник, и целосно исфрлање од употреба на дневниците во хартиена форма од 01.01.2026 година.
Линк за најава
Microsoft Teams
Meeting ID: 315 437 716 786 3
Passcode: iP72JM3t
Ваш Макам-транс