30.09.2024 година – Дополнителен термин за испит за сертификат за возач
Почитувани членки,
Министерство за транспорт објавија дополнителен термин за стекнување со сертификат за професионална компетентност (СПК) на возач на:
– 30.09.2024 година – најдоцна пријавување до 27.09.2024 година.
Пријавете ги вашите возачи за испит со кликнување на линкот подолу, пополнете ја апликацијата и прикачете ги потребните документи за пријава, лична карта и возачка дозвола.
https://form.jotform.com/230692330755355
Доколку не го користите онлајн линкот за пријавување, потребни документи кои треба да ни ги доставите се лична карта и возачка дозвола за возачот, податок за татково име и телефон за контакт, како би можело пријавата да биде прифатена и возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.
Проверете ги сертификатите на Вашите возачи и доколку имате возачи кои треба да ги обноват своите сертификати пред претстојната апликација за ЕКМТ дозволи искористете го терминот на 30.09.2024 година.
Информирајте се и искористете ја можноста што ви ја дава Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи.
Контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101, 078 392 020 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.
Ваш Макам-транс