Skip to main content Skip to footer

Affinity Balkans - Романија започнува со нов систем за патарини од 01-ви октомври

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка Affinity Balkans ни сподели информација дека од 01-ви октомври во Романија започнува нов систем за патарини - TollRo.

Во прилог целосната информација:

„Клучни информации:

• Промената се однесува на возила со тежина над 3,5 тони.

• За возилата до 3,5 тони и автобусите, постојниот систем на вињети останува непроменет.

• Висината на патарината ќе зависи од изминатото растојание и карактеристиките на возилото, вклучувајќи ја и емисионата класа.

Добрата вест за клиентите на DKV ?

📢 Од 01 октомври 2026 година, билетите за патарина за TollRo ќе може директно да се купуваат преку DKV Cockpit.

• Во подоцнежна фаза, билетите за патарина ќе може да се платат со DKV картичката на одбрани бензински станици во Романија

• При стартувањето на TollRo нема да биде достапно OBU решение (апарат за патарина).“

За повеќе информации може да го контактирате одговорното лице:

Игор Ромев - Агент за продажба

📞+389 78 324 185

✉️ igor.romev@affinity-ts.com

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност