Skip to main content Skip to footer

Алтернативен граничен премин наместо Ќафасан – до надминување на проблем

Почитувани членки,

Од денес со почеток од 12:00 часот до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот (затворен патен правец во Албанија поради оштетување на мост) ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато, притоа напоменуваме дека сите ТМВ кои што се за фитосанитарен преглед – прегледот ќе може да се направи до 18:00 часот.

НАПОМЕНА:

1. Товарените возила со себе да имаат кантарски белешки од местото на утовар или при влез во Албанија да имаат нивна кантарска белешка (на Блато нема вага).

2. Сите кои ќе влезат со полни возила, претходно да побараат од назначената шпедитерска куќа да ги внесат податоците во царинскиот систем за да може цариникот да ги спореди податоците, затоа што на Блато нема шпедитери кои би ги изработувале документите.

3. За сите кои превезуваат производи кои подлежат на ветеринарен преглед или се работи за акцизна стока ќе мора да го користите граничниот премин Блаце како премин за влез во државата.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност