Skip to main content Skip to footer

Влијанието на претстојниот ЕЕС систем (Entry/Exit system)

Асоцијација Макам–транс во рамките на регионалната соработка со другите здруженија на превозници апелира до сите членки активно да учествуваат во истражување за влијанието на претстојниот ЕЕС систем (Entry/Exit system) што треба да се имплементира во ноември 2024 година врз нивното работењe.

Превозниците со товарни моторни возила во регионот, но и во Република Македонија изразија загриженост дека со воведување на ЕЕС системот кој автоматски ќе го пресметува престој од 90 дена во 180 дена во Шенген зоната, ќе претставува огромна пречка за извршување на континуирани превозни операции во земји од ЕУ и е максимална дискриминација на сите превозници од трети земји во однос на оние кои се од земјите членки на ЕУ.

Превозниците од трети земји вршат само меѓународни превози, најстрого е забрането да вршат каботажа на било која територија на држава членка на ЕУ и не престојуваат непрекинато 90 дена на територија на Шенген зоната, со оваа нестандардна мерка дополнително ќе се истакне недостатокот на возачи, а со тоа и намалување на капацитетот на возила со кои располагаат, па дури и намалување на бројот и на други вработени кои го опслужуваат превозот воопшто.

Асоцијацијата започна истражување за собирање информации за тоа како овие регулативи ќе влијаат на превози на стока во увоз / извоз / транзит во / од и низ Македонија, односно индиректно и како ќе влијае на стопанството во целина. 

Со цел да доставиме релавантни показатели за штетното влијание на овој систем до Влада и надлежните министерства за намалување на обемот на превоз со домашни превозници, влијание на цените на производите кои се превезуваат во увоз и извоз и можноста за подгревање на инфлацијата, губење на работни места, но за жал и затворање на поедини трговски друштва Ве молиме сите сериозно да пристапите кон пополнување на анкетата која може да ја отворите со кликнување на следниот линк: 

Link: https://forms.office.com/e/mcsMPc8i1P

Асоцијација Макам-транс со претходните вести ја потенцираше важноста од следење на бројот на денови што возачите ги поминуваат во ЕУ за да се избегне прекршување на правилото 90/180 дена кое може негативно да влијае кога ќе се воведе системот ЕТИАС (Европски систем за информации и овластување за патување) кој се предвидува да се воведе во 2025 година значи дека секое лице кое потекнува од трета земја (нечленка на ЕУ) ќе мора пред своето прво патување во ЕУ да поднесе електронски барање на дозвола за влез.

Ние како асоцијација во соработка и со другите асоцијации од регионот ќе се бориме да покренеме иницијатива сите надлежни органи од државите кои не се членки на ЕУ да се здружат и заеднички да побараат повластен принцип за престој на возачите на територија на ЕУ.

Превземени се следните чекори:

1.   На нашата ВЕБ страна објавен е допис / информација на македонски и англиски јазик кој е идентичен со текстот кој го користат и српските превозници за да може секој превозник да го достави до своите клиенти за кои вршат превоз, а имаат деловни активности или матичните компании им се од државите кои се дел од Шенген зоната.

2.  Асоцијацијата дописот/информација го достави до Царинска управа со цел да се дистрибуира до членките на Советодавно тело во кое членуваат голем број стопански комори. асоцијации и здруженија (американска комора, бугарска комора, холандска комора и др.), а генералниот секретар на првиот состанок на Советодавно тело го објасни настанатиот проблем пред сите присутни со молба да се преземат активности за да се намалат последиците од најновите мерки кои се преземаат од страна на ЕУ.

3.   Доставен е званичен допис до министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) со барање да се преземат соодветни чекори преку здружување на сите земји кои не се членки на ЕУ, за да се бара флексибилно пресметување на денови за престој на територија на Шенген зоната.

4.  Доставен званичен допис со претходен разговор со министерството за транспорт за поддршка во однос на барањата за активности на МНРНТ, како наше ресорно министерство.

Претстои изработка на:

Анализа на просечно работно време за возачите според Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, како просек на денови за престој на територија на Шенген зоната со оглед на фактот што возачите не се задржуваат постојано на исто место, односно влегуваат и излегуваат од Шенген зоната со што сметаме дека пресметката на 90 дена во рамките на 180 дена треба да биде со прекини кога возачот ја напушта територијата на Шенген зоната и

Анализа на финансиски и социјални ефекти од новите мерки на ЕУ преку податоци добиени со Анкета на превозни трговски друштва која Ви ја доставуваме во прилог на оваа вест.

Ваш Макам-транс

 

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност