Skip to main content Skip to footer

Апликации за пријави мито и корупција и пријави мигранти

Почитувани,

Асоцијација Макам-транс ја пушти во употреба новата веб платформа www.makamtrans.org.mk  во која преку алатките за пријави мито и корупција и пријави мигранти ќе може да се пријават нерегуларности кои се присутни на територија на Македонија, но и по транспортните коридори во Европа.

За да може алатките за пријави мито и корупција и пријави мигранти да ги користат сите превозници  од регионот, покрај на македонски јазик  преведени се и на српски, хрватски, албански и англиски јазик, со што стануваат достапни за поголема група на корисници.

Пријавата за секој корисник е анонимна.

-  - Секој превозник или возач кој се соочува со одредени дејствија кои се нерегуларни и надвор од пропишаните законски прописи со користење на алатката пријави мито и корупција сигнализира за направени нерегуларности во реално време на случување на дејствието.

-   - Секој превозник или возач преку алатката пријави мигранти може да помогне во намалување на штетата која се прави на секој превозник со влез на мигрантите во нивните возила. Доколку забележите нелегален превоз на мигранти со комбиња, патнички возила, колони кои се движат пешки и сл., пријавете (со наведување на регистарските таблички на возилото и местото каде се забележани) со што ќе се овозможи побрзо и ефикасно информирање до надлежните органи за преземање на активности и регулирање на движењето на мигрантите.

Пријава за мито и корупција, како и за мигранти може да се направи и за дејствија кои се случуваат и на територија на други држави различна од територијата на Македонија. Збирните извештаи по држави за овој вид на појава во понатамошен тек на анализата ќе се користат за доставување на документирани докази до надлежни органи кои ја регулираат оваа материја: Царинска Управа, Министерство за транспорт, Министерство за внатрешни работи, но и при одржување на средби на мешовити комисии согласно Билатерална спогодба за превоз во патниот сообраќај со други држави и ЕУ како целина.

Користењето на наведените алатки значи сите заедно здружено да помогнеме во борбата против најголемото зло на денешницата.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност