Апликација за месечни ЕКМТ дозволи
Почитувани членки,
Ве информираме дека Министерство за транспорт започна со издавање на месечните ЕКМТ дозволи. Полето за апликација за овие дозволи е отворено на веб страна https://pristappgoods.mtc.gov.mk каде секој превозник се најавува со своето корисничко име и лозинка.
Дистрибуцијата на месечните ЕКМТ дозволи ќе се врши согласно член 25 став (6) од Уредбата.
Напомена: при секоја апликација во полето забелешки задолжително треба да внесете дата од која треба да биде со важност месечниот цемт за кој аплицирате.
При подигање на месечните ЕКМТ дозволи потребно е со себе да носите уплатница од 500 мкд/по дозвола и латиничен печат, како и овластување од страна на управителот на транспортното друштво доколку истите не се подигнат од страна на управителот.
Ваш Макам-транс