БЕ-ДА Логистик – Холандија е нова земја која може да се плаќа со E-BOX OBU уредот
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка БЕ-ДА Логистик сподели со нас информација за сите превозници кои го користат нивниот E-BOX OBU уред.
„Од денес (1 јули), во Холандија официјално стапи во сила новиот систем за електронска наплата на патарини за товарни возила.
Од денес, плаќајте патарини и во Холандија, без дополнителен уред.
За сите корисници на E-BOX OBU, активирањето на Холандија можете да го направите и самостојно преку Customer Panel, во само неколку чекори.
Доколку сè уште немате уред или ви е потребна помош околу активацијата, БЕ-ДА Картичките се тука да ви помогнат да го направите тоа брзо и едноставно.
Со вистинската подготовка, вашите возила остануваат во движење без непотребни застои и административни компликации.
📩 Контактирајте нè за активирање на Холандија или за нарачка на Е-BOX OBU уред.
📞 +38978265552
📞 +38971385413“
Ваш Макам-транс