Skip to main content Skip to footer

Чешка и Словачка – дезинфекција на товарни моторни возила

Почитувани членки,

Со појавата на шап и лигавка на неколку словачки фарми помеѓу 21 и 24 март 2025 година, како и откриен случај во Унгарија, Чешка објави дека од 00:00 часот на 27 март (четврток), товарните моторни возила (ТМВ) над 3,5 тони ќе може да влегуваат на територија на Чешка од Словачка само на четири гранични премини.

Гранични премини кои можат да ги користат ТМВ со вкупна тежина над 3,5 тони се:

- Lanžhot-Brodské,

- Starý Hrozenkov – Drietoma,

- Bílá-Bumbálka – Makov и

- Mosty u Jablunkova – Svrčinovec

Словачка исто така ги затвори помалите гранични премини со Унгарија. Од 27 март, отворени се пет главни премини за ТМВ над 3,5 тони:

- Rajka – Rusovce,

- Medveďov – Vámosszabadi,

- Komárno – Komárom,

- Štúrovo – Esztergom и

- Šahy – Parassapuszta

Задолжителна дезинфекција ќе се прави на пневматиците на ТМВ за влез во Словачка од Унгарија и за влез во Чешка од Словачка.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност