ДДВ Сервис Имо - поврат на ДДВ од Хрватска
Почитувани членки,
во прилог во целост Ви ја пренесуваме информацијата од нашата ВИП членка ДДВ СЕРВИС ИМО:
„Почитувани
На почетокот на изминатата годината ја објавивме веста за враќање на ДДВ од Хрватска.
По долгогодишно лобирање на директорот Мирко Винцетиќ од фирмата ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ од 01.01.2024 година Правните лица од Македонија имаат право на поврат на ДДВ од Хрватска.
Поврат на ДДВ може да се изврши за: патарини, гориво, поправки (услуги), сместување во хотел, обука и едукација, маркетинг услуги, трошоци за изнајмување итн.
Би сакале да истакнеме дека покрај ДДВ-то за гориво, успешно ги враќаме и акцизите платени за гориво од Хрватска.
Стапката на ДДВ во Хрватска е 25%, што значи дека со повраток може да заштедите дури 1/4 од трошоците.
Напомена барањата за враќање на ДДВ од УЈП на Хрватска ќе може да се поднесуваат квартално,полугодишни и годишно.
Даночната управа на Хрватска е една од најсовремените во регионот и во Европа во однос на брзината на решавање на барањата, бидејќи прибл. 70% од барањата се решаваат во рок од 2 месеци од датумот на поднесување.
Веќе го имаме тоа позитивно искуство со предмети кои ги поднесовме во 2024 год. и 2025 год.
За дополнителни прашања Ви стоиме на располагање.“
За повеќе информации, контактирајте ги на следните телефонски броеви или на email:
Mail: info@cashback.mk
Tel: +389 78 265 529; 75 234 464; 02 3171-620
Ваш Макам-транс