Денес 20.09.2024 – последен ден за пријава на испит на 23.09.2024 година
Почитувани членки,
Ве потсетуваме дека денес – 20.09.2024 година е последен ден за пријавување на испит за стекнување со сертификат за професионална компетентност (СПК) на возач на 23.09.2024 година.
Пријавете ги вашите возачи за испит со кликнување на линкот подолу, пополнете ја апликацијата и прикачете ги потребните документи за пријава, лична карта и возачка дозвола.
https://form.jotform.com/230692330755355
Доколку не го користите онлајн линкот за пријавување, потребни документи кои треба да ни ги доставите се лична карта и возачка дозвола за возачот, податок за татково име и телефон за контакт, како би можело пријавата да биде прифатена и возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.
Информирајте се и искористете ја можноста што ви ја дава Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи.
Контактирајте не на телефонските броеви: 070 695 216, 072 312 001, 078 399 019, 072 312 101, 078 392 020 и 077 817 463 или на мејл info@makamtrans.org.mk.
Ваш Макам-транс