Доделување на грантови како дел од проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем
Почитувани членки,
на 05.07.2023 година (вторник) се одржа официјална церемонија за доделување на грантовите доделени на 6 бизнис организации кои ги поддржуваат микро, малите и средни претпријатија во Република Македонија, меѓу кои е и Асоцијација Макам-транс.
Како дел од проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ кој Консалтинг за стратешки развој го спроведува во периодот меѓу 2022-2026 година, со грантот кој што ни е доделен ние како асоцијација ќе можеме да креираме развој и имплементација на веб платформа со подобрена и проширена достапност на информации, цени на горива низ Европа како и можност за поврат на ДДВ, а со тоа ќе им помогнеме на нашите членки (превозните трговски друштва) да ја зголемат нивната продуктивност, а со тоа и нивните приходи.
Подобрувајќи ги нашите капацитети како организација, Макам-транс преку грантот ќе работи на подобрување на крвотокот на модерниот деловен екосистем – транспортот.
Со заедничка соработка се надеваме дека ќе имаме успешен проект и позитивни резултати како во Асоцијацијата така и кај секој од вас поединечно.
Ваш Макам-транс