Skip to main content Skip to footer

Испратени дописи за новиот ЕЕС систем (Entry/Exit system)

Почитувани членки,

Многумина од Вас прашуваат за преземените чекори од страна на асоцијацијата во однос на новиот начин на евидентирање на влезот на територијата на ЕУ, Швајцарија и Норвешка (ЕЕС системот кој се воведува од ноември 2024 година).

Асоцијацијата е во комуникација со сите институции, испратен е допис преку Царинска управа до членовите на Советодавно тело, до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија и Министерство за транспорт со цел заеднички и координирано да се бориме за ослободување на професионалните возачи од ограничените денови на престој на територијата на земјите од ЕУ, Швајцарија и Норвешка или да се овозможи пофлексибилен престој кој нема да претставува фиксни 90 дена во период од 180 дена, особено што професионалните возачи постојано влегуваат и излегуваат од зоната и не работат непрекинато 90 дена на територија на државите членки на Шенген зоната, односно со излегување од територија на Шенген зоната да се започнува со пресметка на нови 90 дена престој во 180 дена.

Дополнително во комуникација сме и со здруженијата од регионот со кои е разговарано за преземање на поригорозни чекори доколку не добиеме позитивни одговори на сите испратени реакции.

За сите информации поврзани со системот, одговори од надлежни институции дополнително ќе ве информираме.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност