Skip to main content Skip to footer

Хрватска – постапка за аплицирање за виза „D“ за професионални возачи

Почитувани членки,

Согласно најавите во изминатиот период, Република Хрватска е првата држава која започнува со издавање на долгорочна национална виза D со важност до 365 дена за професионални возачи во меѓународниот превоз.

Намената на долготрајната виза „D“ овозможува исклучиво влез на територијата на Република Хрватска со цел вршење превоз на стока или патници и не може да се користи за други цели (туризам, приватна посета и сл.). Возачите на товарни возила или автобуси кои превезуваат патници или стока во други земји членки на Шенген зоната, односно кои транзитираат низ Република Хрватска, ќе бидат регистрирани од страна на граничните органи на Република Хрватска во Системот за влез/излез (Entry/Exit System – EES). По креирањето на досието во EES, ќе им се бројат деновите на престој поминати во Шенген зоната, со примена на правилото за максимален престој од 90 дена во кој било период од 180 дена.

За аплицирање за национална виза за долгорочен престој виза „D“ наменета за професионални возачи ќе биде воведена од 23 септември 2026 година и ќе се користи електронскиот систем за аплицирање Crovisa, по што следува физичко поднесување на документацијата во надлежната амбасада на Република Хрватска. Во првите денови, Амбасадата на Република Хрватска во Скопје ќе прифаќа најмногу 15 барања за национална виза „D“ во периодот од 13:00 до 14:30 часот. Термините за поднесување барања за виза за долгорочен престој мора да се закажат преку https://konzularniportal.mvep.hr/.

НАПОМЕНА: Визата за долг престој виза „D“ важи исклучиво за билатерален превоз на стока во кој се вклучени трговски друштва со седиште во Хрватска.

Возачот со „виза D“ на влез на територија на Хрватска на граничен премин треба да пријави каков вид на превоз врши (доколку е билатерален превоз МК-HR и обратно) од страна на контролниот орган возачот ќе биде евидентиран во националниот систем каде што деновите за престој на територија на Хрватска нема да се бројат.

Доколку возачот со виза „D“ врши само транзитен превоз или превоз за Хрватска, а потоа се очекува налог за вршење на превоз на територија на земји од Шенген зоната, на граничен премин на влез на територија на Хрватска кај контролниот орган треба да пријави за да влезот на возачот се евидентира во Шенген системот каде што ќе се бројат деновите за престој и на територија на Хрватска (овој дел не е целосно објаснет и ќе се бараат дополнителни информации).

Доколку возачот ја користи оваа виза за возење во други земји од Шенген-зоната – или на друг начин ја користи спротивно на намената за која е издадена – тоа претставува основ за одземање или поништување на издадената виза „D“.

Барањата мора да се поднесат најрано два месеца, а најдоцна 30 дена пред планираниот почеток на вршењето патен превоз на стока и патници.

Барањето за аплицирање на виза „D“ на хрватски јазик може да го преземете со кликнување ТУКА.

Потребната документација за поднесување на барање за добивање на виза „D“ може да ја погледнете со кликнување ТУКА.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност