Skip to main content Skip to footer

Информација до сите превозници

Почитувани,

Од 13 август 2026 година до сите Вас доставувавме анкета и покани за онлајн состаноци, но поради годишните одмори има превозници кои не се запознаени со случувањата, затоа на овој начин сакаме да допреме до сите кои се заинтересирани, а не се слушнале со координаторите кои се поделени по региони исто како и за протестите кои се одржаа на крајот на јануари оваа година.

Со првиот протест во нацрт на новата Визна стратегија на ЕУ и состаноците кои се одржаа со работната група јасно е дадено на знаење дека професионалните возачи во патниот сообраќај се препознаени како посебна категорија, односно лица на кои им е потребно подолг престој од сега одредените 90/180 дена во Шенген зоната, но за жал се уште нема преодно решение до конечно изгласување на новата визна стратегија.

Поради проблемот со кој се соочуваат професионалните возачи, изминатиов период се отвори прашањето за повторно организирање на протест – затворање на граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.

Секој од Вас кој досега не е контактиран од одредените координатори доколку сака да пријави согласност може да се јави на телефонските броеви на асоцијацијата или по региони да направат список со превозници (возила и лица кои физички би биле присутни на граничните премини во смени) и ни го испратат на мејл info@makamtrans.org.mk.

Напомена: на секое одредено место МОРА во континуитет да присуствуваат постојано по 20 лица согласно Закон.

Овој податок и согласност од 70% од превозниците е потребен како би можело навремено да се организира протест на 14.09.2026 година кој согласно Закон мора да ги исполни условите за спроведување на истиот.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност