Skip to main content Skip to footer

Информација од нашата ВИП членка Affinity Balkans - Чешка сега достапна на DKV Box Europe

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка Affinity Balkans ни сподели информација за воведување на плаќање на патарина во Чешка која е сега достапна на DKV Box Europe.

Во прилог целосната информација:

„Добри вести за сите наши клиенти кои патуваат низ Чешка! Сега можете да ја користите услугата за патарина во Чешка директно со вашиот DKV Box Europe.

Со еден апарат сега вие можете да транзитирате низ речиси цела Европа: Бугарија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Австрија,Словенија, Швајцарија, Германија, Шпанија, Португалија, Белгија, Италија и неколку тунели низ овие земји.

Еве како да ја активирате новата услуга:

Контактирајте го нашиот тим преку е-mail и испратете список на возила за кои е потребно активирање на патарината во Чешка (CZ).

Осигурајте се дека вашите апарати се вклучени и се наоѓаат во област со силен GPRS сигнал за време на активацијата.

Откако ќе се појави „CZmyt“ на вашиот екран, активирањето е успешно завршено.

Пред да влезете со возилото во Чешка, осигурајте се дека возачот го поставил точниот број на оски на уредот и уредот има зелено светло.

Важна забелешка: Доколку веќе имате апарати за патарина за Чешка, мора да ги вратите пред да влезете во земјата со вашиот DKV Box Europe, за да избегнете двојни трансакции, во спротивно сателитот ќе го регистрира движењето на двата уреди.

Ве молиме имајте предвид дека враќањето на претходните апарати е целосна одговорност на возачот и во случај на дупли трансакции, DKV нема обврска да издаде кредитно одобрение.

За сите дополнителни прашања, ви стоиме на располагање.“

За сите подетални информации може да ги контактирате на:

Tel: 078 324 185 - Игор

Web: https://www.affinity-ts.com/mk/

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност