Информација од нашата ВИП членка БЕ-ДА Логистик
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка БЕ-ДА Логистик сподели со нас информација која се однесува за воведување на нова дестинација за плаќање на патарини.
Во прилог информацијата:
„Нашите БЕ-ДА Картички и БЕ-ДА OBU уреди, овозможуваат нова дестинација за лесно плаќање на патарини.
Со задоволство ве информираме дека од сега Чешка е нова земја во која можете да плаќате патарини директно преку нашиот OBU уред E-BOX.
Корисниците можат самостојно да ја додадат Чешка, како и останатите земји, преку Корисничкиот панел, целосно онлајн и за помалку од една минута.
За сите прашања и информации за нашата услуга слободно контактирајте нѐ на +38978265552 или на info@e100.mk
Што претставува E-BOX?
E-BOX е практичен уред кој овозможува:
✔️ Плаќање патарини во 16 европски земји
✔️ Примање фактури двапати месечно
✔️ Целосна контрола врз трошоците во Корисничкиот панел
✔️ Пристап до статус на уредот (OBU) – батерија, напојување и последна активност“
Ваш Макам-транс