Информација од нашата ВИП членка MAN
Почитувани членки,
Во прилог ви ја споделуваме целосната информација од нашата ВИП членка MAN која се однесува за најновиот мотор и менувач на MAN возилата.
„MAN D30 PowerLion
На минатогодишниот IAA, MAN ја претстави новата генерација камиони со дизел мотори, со фокус на намалувањето на потрошувачката на гориво и на емисиите на CO2 до 4 %. Во центарот на иновациите е новиот погонски склоп D30 PowerLion, кој го вклучува целосно ново развиениот мотор D30, новата трансмисија на MAN-овиот TipMatic 14 и аеродинамичните подобрувања.
„Нашиот нов, високоефикасен погонски склоп PowerLion со новиот мотор D30 и новиот менувач MAN TipMatic 14 е клуч на профитабилноста на транспортното работење на нашите купувачи“ истакна Фридрих Бауман, член на Управата за продажба и кориснички решенија во MAN Truck & Bus. „Се заснова на заедничката платформа на компонентите на ТРАТОН ГРУПАТА и е конкретен резултат на тесната соработка на нашите развојни оддели.“
Моторот D3066 (скратено D30) со максимална ефикасност поголема од 50 % и со најмала потрошувачка на гориво во класата е еден од најнапредните мотори за комерцијални возила на светот. Достапен е во шест нивоа на моќност, од 380 до 560 KS (2.100 до 2.800 Nm). Усогласеното делување на вбризгувањето на XPI common-rail со притисок на вбризгување до 1.800 бари и оптимизирано турбополнење со две геометрии на полнење, зависни од распонот на моќност, значително придонесува кон високата ефикасност на моторот D30.
Новиот дизел мотор со двојна SCR накнадна обработка на издувните гасови секогаш се комбинира со новиот менувач MAN TipMatic 14. Ексклузивните опции за погонскиот склоп D30 PowerLion ја вклучуваат моторната сопирачка CRB (Compression Release Brake) со високи перформанси и моќност до 355 kW, ретардер 47 s со сила на сопирање до 4700 Nm, кој може да се исклучи за дополнително намалување на потрошувачката на гориво, како и широко портфолио од приклучоци на моќност на страната на моторот и менувачот за широк опсег на додатни примени, како што се хидраулични пумпи или компресори.
Новиот менувач MAN TipMatic 14 има 14 степени на пренос за возење кон напред и два за возење кон назад, со шест дополнителни степени за возење кон назад, кои во случај на потреба може да се активираат безжично преку системот MAN Now. Во споредба со претходната генерација, новиот менувач е околу 60 килограми полесен. Иновативната функција SmartShifting овозможува посебно брзи промени на степените на пренос со минимални прекини на влечната сила, што ја зголемува ефикасноста. Уште еден важен фактор за потенцијална заштеда на гориво е преминот од директен погон на overdrive менувач – посебно во комбинација со темпоматот MAN EfficientCruise GPS и посебно со функцијата Predictive Drive.“
За сите подетални информации во врска со нивните производи и услуги, контактирајте ги на:
Mail: man@mantruck.mk
Tel: +389 71 240 436
Web: https://www.man.eu/mk/mk/#
Ваш Макам-транс