Skip to main content Skip to footer

Информација за вградување на тахограф во лесни комерцијални возила со носивост од 2,5 тони до 3,5 тони

Почитувани членки,

Имајќи ги во предвид се почестите јавувања во врска со новите европски правила според кои од 01 јули 2026 година лесните товарни моторни возила со вкупна бруто маса над 2,5 тони сами или заедно со приколка, кои вршат меѓународен превоз, ќе треба задолжително да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2), НАПОМЕНУВАМЕ дека оваа обврска во моментов не важи за превозниците од земјите кои не се членки на Европска Унија (ЕУ), меѓу кои е и Македонија.

Според европските регулативи, новите правила се однесуваат на возила регистрирани во земјите членки на ЕУ, Обединето Кралство, Швајцарија и државите од Европска економска зона, кои вршат меѓународен превоз или каботажа.

За македонските превозници и понатаму важат правилата пропишани со АЕТР спогодбата и националниот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.

Тоа значи дека обврската за задолжително вградување на тахографи во возила од 2,5 до 3,5 тони ќе важи за Македонија дури откако ваквата одлука ќе биде прифатена и имплементирана во АЕТР спогодбата или националното законодавство.

На официјалната страна на Министерство за транспорт објавена е информација која во целост може да ја погледнете со кликнување ТУКА.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност