Изработка на ENS декларација - услуга од нашата ВИП членка Аста Адриа
Почитувани членки,
Ви споделуваме информација од нашата ВИП членка Аста Адриа која се однесува за примена на новиот систем ICS2 и обврската за задолжително поднесување на влезна збирна декларација (ENS).
„Почитувани клиенти
Од 1 септември 2025 година, Европската Унија целосно го укинува досегашниот систем за контрола на увозот ICS1 и започнува со примена на новиот ICS2 – Import Control System 2, согласно одредбите од Царинскиот законик на ЕУ.
ICS2 има за цел да ја зајакне безбедноста и сигурноста на стоките што влегуваат во ЕУ преку спроведување на стандардизиран царински процес пред нивното пристигнување на територијата на Унијата. Системот ги опфаќа сите видови транспорт – воздушен, поморски, внатрешен воден, патен и железнички, како и поштенски и логистички оператори.
Што значи ова за патните и железничките превозници
Секој патен и железнички превозник што влегува во ЕУ е должен да поседува целосна Влезна збирна декларација (ENS) со детали за стоката што ја внесува или транзитира низ Унијата.
Клучни законски обврски:
📌 ENS декларацијата е одговорност на превозникот – операторот на активното превозно средство.
📌 Декларацијата може да ја поднесе превозникот или трето лице со негова согласност.
📌 Поднесувањето мора да биде во законски пропишаните рокови.
Поддршка од АСТА АДРИА
Аста Адриа веќе целосно го има имплементирано ICS2 во своето работење и е подготвена да им помогне на своите клиенти во исполнување на новите регулативи.
Нашата понуда вклучува:
✅ Онлајн платформа за брзо поднесување, лесно и без грешки.
✅ API интерконекција со релевантните ИТ системи на EU и UK
✅ Поднесување на ENS декларации за влез во Европската Унија.
✅ Поднесување на S&S GB декларации за влез во Обединетото Кралство.
✅ Дополнителни услуги поврзани со Брегзит: GMR, PBN, ELO, Portbase, RX Seaport.
Наши услуги
Аста Адриа обезбедува премиум услуги за резервација на товарни траекти и транспортни премини низ Европа, вклучувајќи:
🚢Резервации за товарни траекти на сите европски линии.
🚇Превоз преку Еуротунел.
🏔️ Премини низ Монт Блан и Фрејус тунели.
🌉 Премин преку Оресунд и Сторебаелт мостови.
Зошто Аста Адриа
• 30 години искуство во транспорт и логистика.
• 24/7 поддршка од обучен тим од 50 вработени.
• Канцеларии во: Скопје, Софија, Букурешт, Прага, Варшава и Валенсија.“
За сите подетални информации може да ги контактирате на:
📞 02/3092-070 | 076/275-589
📧 cargo@astaadria.com
🌐 www.astaadria.com
Ваш Макам-транс