Известување од нашата ВИП членка Cash back
Почитувани членки,
во прилог во целост Ви го пренесуваме известувањето од нашата ВИП членка Cash back:
„Почитувани
На почетокот на изминатата годината ја објавивме веста за враќање на ДДВ од Хрватска.
По долгогодишно лобирање на директорот Мирко Винцетиќ од фирмата ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ од 01.01.2024 година, правните лица од Македонија имаат право на поврат на ДДВ од Хрватска.
Поврат на ДДВ може да се изврши за: патарини, гориво, поправки (услуги), сместување во хотел, обука и едукација, маркетинг услуги, трошоци за изнајмување итн.
Би сакале да истакнеме дека покрај ДДВ-то за гориво, успешно ги враќаме и акцизите платени за гориво од Хрватска.
Стапката на ДДВ во Хрватска е 25%, што значи дека со повраток може да заштедите дури 1/4 од трошоците.
Напомена барањата за враќање на ДДВ од УЈП на Хрватска ќе може да се поднесуваат квартално, полугодишни и годишно.
Даночната управа на Хрватска е една од најсовремените во регионот и во Европа во однос на брзината на решавање на барањата, бидејќи приближно 70% од барањата се решаваат во рок од 2 месеци од датумот на поднесување.
Веќе го имаме тоа позитивно искуство со предмети кои ги поднесовме во 2024 и 2025 година.
За повеќе информации Ви стоиме на располаѓање.
ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ, Ул.Прашка бр.23 Скопје
Директор
Мирко Винцетиќ, д.е.
тел.: 02 3171 620,
моб. тел.: 078 265 529, 075 234 464
меил: info@cashback.mk
Ваш Макам-транс