Skip to main content Skip to footer

М Брокер - ексклузивен проширен цмр продукт за транспортери и шпедитери

Почитувани членки,

Нашата ВИП членка М Брокер ни сподели информација за специјална понуда за високо конкурентен продукт за ЦМР осигурување.

Во прилог целосната информација:

„М Брокер АД Скопје, како партнер на ARS Бугарија за македонскиот пазар, им нуди на транспортерите и шпедитерите уникатен и високо конкурентен продукт за ЦМР осигурување. Продуктот е креиран од ARS Бугарија, официјален претставник на AON, еден од најголемите светски осигурителни брокери.

Ова решение е наменето за компании кои сакаат сигурност, едноставност и професионална поддршка при заштита на својата одговорност во меѓународниот транспорт и логистика, нешто што ќе ги направи конкурентни пред своите партнери.

Клучните предности на продуктот вклучуваат осигурана сума до 5.000.000 евра, пресметка на премијата според приходите во една полиса, без оглед на бројот на возила и видот на стоката, како и можност за пријава на штета само со копии од потребните документи.

Во услови на сѐ поголеми ризици во транспортната индустрија, ексклузивниот ЦМР продукт претставува современо решение за заштита на бизнисот и финансиската стабилност на транспортерите и шпедитерите.

Клучни карактеристики:

•  Осигурана сума до 5.000.000 евра

•  Една полиса , а не за секое возило поединечно

•  Без ограничување според број на возила и вид на стока

•  Пријава на штета со копии од документи

•  Покриени трошоци за евентуална правна постапка

•  Покриени трошоци поради контаминирана стока и уништување на контаминирана стока

•  Покриени трошоци поради кражба на необезбеден паркинг

•  Покриени трошоци настанати поради мигранти, еколошки последици и сл.

•  Професионална одговорност вклучена гратис

•  Назначен акаунт менаџер за пријава на штета 24/7“

За сите подетални информации може да ги контактирате на:

Филип Јордановски: 070-769-189 | filip.jordanovski@mbroker.mk

Ирена Варга: 070-313-161 | irena.varga@mbroker.mk

Ребека Џуклевска-Мерџановска: 071-347-524 | rebeka.dzuklevska@mbroker.mk

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност