Skip to main content Skip to footer

Министерство за транспорт - Нов електронски систем на превозници

Почитувани,

Подолу Ви споделуваме информација од министертсво за транспорт во врска со пуштање во употреба на нов електронски систем на превозници

„Почитувани транспортери,

Министерство за транспорт во рамките на своите активности со цел за подобар пристап до електронски систем на транспортери  започна со развој на нов електронски систем за апликација и распределба на меѓународни дозволи - https://pristappgoods.mtc.gov.mk

Ве известуваме дека системот ќе започне со работа од 12.09.2024 година и уште еднаш Ве повикуваме да ги извршите основни технички работи како би се овозможило взаемен континутет во тековните работни обврски.

Потребно е да отворите профил на националниот портал на е-Услуги на  https://uslugi.gov.mk , односно да креирате единстсвен  EID профил.

Ве молиме откако ќе отворите профил во EID, потребно е да доставите следните податоци:

1. ИМЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ

2. ЕМБС НА ПРАВНО ЛИЦЕ

3. ИМЕ И ПРЕЗИМЕ (на лицето на кое ќе му се одобри пристап во системот)

4. ЕМБГ (на лицето на кое ќе му се одобри пристап во системот)

5. E-mail (со кој сте регистрирани со EID профил)

Ве молиме податоците да ги испратите во електронска форма на следниот е-маил: samir.zekirovik@mtc.gov.mk

Со почит,

Министерство за транспорт“

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност