НАЧИН НА ПРОВЕРКА НА ДЕНОВИ ЗА ПРЕСТОЈ во Шенген зона
Почитувани членки,
🛂 Поради зачестени контроли од страна на Унгарските контролни органи за проверка на деновите на престој на возачите во Шенген зона, Ве известуваме дека правилото 90/180 дена значи дека при секоја проверка, односно од денот на контролата, се гледа 180 дена наназад и се пресметува вкупниот број денови што возачот ги поминал во Шенген зона. Во тој период престојот не смее да надминува 90 дена.
Со започнувањето на примената на електронскиот систем за влез/излез (EES) на 10 април и покрај очекувањата за анулирање на денови и одново броење, Европска комисија не објави и не потврди рестартирање на системот или ново броење на деновите.
Правилото 90/180 продолжува да се применува на истиот начин, согласно периодот од 180 дена наназад од денот на проверката.
❗Превозниците или самите возачи пред секое поаѓање на пат треба редовно да го следат бројот на денови на престој во Шенген зона и да внимаваат да не биде надминат дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.
🧳✈️⛱️ НАПОМЕНА: доколку возачите го користат годишниот одмор во држава од Шенген зоната и тие денови се сметаат како денови на престој при проверката.
Ваш Макам-транс