Skip to main content Skip to footer

Најава во новиот електронски систем на Министерство за транспорт

Почитувани членки,

Ве потсетуваме дека од 11.09.2024 година со цел за подобар пристап министерството за транспорт ја пушти во употреба новата веб платформа https://pristappgoods.mtc.gov.mk, на која секој од Вас ќе треба да направи регистрација како би Ви се овозможил пристап до истата за непречено вршење на вашата дејност - аплицирање на поединечни транспортни дозволи, месечни ЕКМТ дозволи и Годишни ЕКМТ дозволи.

За регистрација потребно е да отворите профил на националниот портал на е-Услуги на https://uslugi.gov.mk, односно да креирате единствен EID профил.

Откако ќе отворите профил во EID, во електронска форма на е-маил: samir.zekirovik@mtc.gov.mk, одговорно лице во министерството за транспорт потребно е да ги доставите следните податоци:

1. ИМЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ

2. ЕМБС НА ПРАВНО ЛИЦЕ

3. ИМЕ И ПРЕЗИМЕ (на лицето на кое ќе му се одобри пристап во системот)

4. ЕМБГ (на лицето на кое ќе му се одобри пристап во системот)

5. E-mail (со кој сте регистрирани со EID профил)

Со кликнување ТУКА може да го преземете корисничкото упатство за користење на новата веб платформа.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност