Skip to main content Skip to footer

Најава за нова група за обука за референт за логистика

Почитувани членки,

Ви најавуваме дека во текот на следниот период е предвидено да започне нова група за референт за логистика, која ќе трае три месеци, односно вкупно 100 часа теоретска и практична обука и ќе се одвива онлајн преку платформата ZOOM. По завршување на обуката се полага завршен тест и на база на добиените резултати кандидатите кои ќе ја совладаат материјата од програмата за обука ќе добијат Сертификат за референт за логистика верифициран од Министерство за образование и наука.

Редовна цена за обуката по кандидат е 12.000 денари, предвиден е попуст на обуката за членки на асоцијацијата и истата ќе чини 10.000 денари.

Дел од темите на обуката кои ќе се презентираат се: Пресметка на потрошувачка на гориво во превозни трговски друштва како оданочен трошок; Користење на ЕКМТ дозвола; запишување во патен дневник и доставување на извештаи; Спроведување на постапки за евиденција и почитување на работно време на возач; Пресметка на надомест за работно место – возач; Пресметка на цени за превоз, добивање и обновување на лиценца за вршење на превоз во патниот сообраќај; раздолжување на поединечни транспортни дозволи; пресметка на авто ден и пишување на опомени за неплаќање како и да составува договори за превоз согласно законски прописи и друго.

Не ја пропуштајте оваа можност.

Контактирајте не за пријавување и за повеќе информации на мејл info@makamtrans.org.mk или на телефоните 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001, 078 392 020, 077 817 463 и 078 399 019.

Ве очекуваме.

Бидете професионални во дејноста превоз на стока.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност