Skip to main content Skip to footer

Проблемот кој го носи новиот систем за влез во ЕУ, Швајцарија и Норвешка

Почитувани превозници и возачи,

Откако во ноември стапува на сила новиот начин на евидентирање на влезот на територијата на ЕУ, Швајцарија и Норвешка, сигурни сме дека тоа ќе има катастрофално влијание врз македонските и возачите на другите земји кои не се меѓу горенаведените земји.

Асоцијацијата се труди на секој начин да го заштити правото на работа на македонските возачи и превозници, а во комуникацијата се вклучени сите надлежни институции. Сепак, оваа вест многу ќе влијае на работата на фабриките во Македонија, па затоа е неопходно да се информираат и да се побара ангажман на македонските извозници со матични компании во земјите на ЕУ.

Асоцијацијата подготви кратко соопштение во кое појаснува наскоро што ќе стапи во сила и какви последици ќе предизвика.

СЕ МОЛАТ СИТЕ ДА ГО ДОСТАВАТ ОВА СООПШТЕНИЕ ДО НАЛОГОДАВАЧИТЕ - ДИРЕКТНИ ИЗВОЗНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА!

Македонската верзија на соопштението преземете ја ОВДЕ, англиската верзија преземете ја со кликнување ОВДЕ.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност