Нова веб платформа надополнета со повеќе функционални модули
Почитувани членки,
Тимот на Асоцијација Макам-транс со активирање на новата веб платформа ќе биде подобрена со неколку модули.
Првиот модул е подобрена и пофукционална апликација – модул за пријави мито и корупција и пријави мигранти која ќе биде достапна до сите корисници на македонски јазик, албански, англиски, српски и хрватски јазик со цел да се користи и од други превозници од регионот и пошироко со цел навремено, побрзо и ефикасно информирање до надлежните органи за заштита од неправдите кои се прават на поголем број гранични премини.
Вториот модул е следење на цените на горивото на интерактивна мапа како и можност преку практичен пример да направите пресметка за враќање на ДДВ доколку купите гориво во одредена европска држава.
Третиот модул се однесува на примери на успешно решени случаи по држави за изречени прекршоци или спроведени судски постапки, како реални примери за начин на заштита на правата на сите превозници членки во нашата асоцијација.
Овие активности се реализираат во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем” финансиран од УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за стратешки развој.
Ваш Макам-транс