Нова ВИП членка – ТранспортРута
Почитувани членки,
Чест ни е да ја претставиме нашата нова ВИП членка – ТранспортРута.
„ТранспортРута е нова Македонска транспортна берза која е сигурна, едноставна и модерна алатка за пронаоѓање и објавување на товари и партнери во транспортната индустрија.
Нашата главна предност е што секоја компанија поминува низ прецизен процес на верификација каде што се осигураме дека објавените товари се од вистински компании.
Членките на Асоцијација Макам-транс ќе имаат бесплатен период од 45 дена за користење на ТранспортРута, и со користење на платформата ќе препознаат дека нашата платформа е подостапна од останатите транспортни берзи.
Официјално почнуваме со работа од 02 март, но регистрацијата за корисници е достапна веднаш.
За регистрација го внесувате вашиот мејл со кликнување на https://transportruta.com и започнувате со вашиот процес на верификација за да бидете меѓу првите кои ќе ја користат платформата!“
За повеќе информации контактирајте ги на:
📱075 214 197
Ваш Макам-транс