Обновување на сертификат за возач
Почитувани членки,
Како еден од условите при обнова на лиценца за вршење јавен превоз на стока во меѓународен патен сообраќај, како и при аплицирање за меѓународни дозволи за превоз на стока, потребно е превозникот да има сразмерен број на товарни моторни возила (ТМВ) и редовно вработени возачи со важечки сертификат за професионална компетентност – СПК на возач.
Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај член 8-ж став 4, СПК на возач се издава со рок на важење од пет години и истиот се продолжува најдоцна 45 дена пред истекот на рокот на важење, врз основа на записник за положен испит од периодична обука за стручно оспособување на возач.
Ви препорачуваме навремено да направите проверка на податоците во Картон на друштвото, кој е дел од базата на превозници www.pristappgoods.mtc.gov.mk во Министерство за транспорт.
Проверете ги следните податоци за возачите:
-име и презиме,
-ЕМБГ,
-број и важност на СПК на возач.
Доколку вашите возачи немаат важечки сертификат за возач (СПК) или потребно е продолжување на важноста, Ве информираме дека следниот термин за полагање е:
📅 27 јули 2026 година
📝 Краен рок за пријавување: 24.07.2026 година
Искористете ја можноста што ја нуди Асоцијација Макам-транс во соработка со Асоцијација Превозник и обезбедете обука за професионален возач по најевтина цена од 5.600 денари.
Ваш Макам-транс