Обврска за раздолжување на ЕКМТ/ЦЕМТ извештаи од новиот (ECMT Digital System)
Почитувани членки,
Со воведување на новиот ECMT Digital System од 01.01.2026 година секој превозник корисник на годишни ЕКМТ дозволи за 2026 година, превозите по хронологија ги евидентира електронски на платформата https://eds.itf-oecd.org/.
Со најавување на платформата од левата страна има поле извештаи / reports, каде што се наоѓаат информации поединечно за ЕКМТ дозволи со кои располага превозникот и записи за извршените превози со истите. Може да направите генерирање по датуми, да се види статусот на дозволите како и да се направи проверка на искористеноста на ЕКМТ дозволите со број на извршени превози, времетраење на превозите, поминати километри по превоз со стока или без стока и други информации кои се битни за проверка на правилно користење на ЕКМТ дозволите.
Преку оваа алатка во excel табела – само долунаведените графи дефинирани од Министерство за транспорт (слика 1) за секоја ЕКМТ дозвола поединечно должни сте извршените превози да ги доставите до писарница на Министерство за транспорт или преку пошта (препорачано писмо) не подоцна од 20-ти во тековниот месец за претходниот, односно не подоцна од 20-ти февруари за месец јануари.
Слика 1 <- кликнете на сликата за зголемување
![]() |
Рокот за поднесување на извештаите е до 20.02.2026 година (петок). Секој извештај кој ќе биде доставен по оваа дата нема да се внесе во евиденцијата која се води во база на превозници во министерството.
Ако превозот на стоката се префрлува од еден во друг месец, тогаш датата на утовар го утврдува месецот на извршување на превозната операција. Ако во некој месец не се направени превозни операции, тогаш како трговското друштво имате обврска во дадениот рок да поднесете писмено известување за неизвршени превози со ЕКМТ/ЦЕМТ дозволата.
Асоцијација Макам-транс ви нуди услуга за изработка/поднесување на ЕКМТ извештаи. За дополнителни консултации контактирајте не на телефоните 070 695 216, 072 312 101, 072 312 001, 077 817 463 и 078 399 019 или директно во канцелариите на асоцијацијата.
Ваш Макам-транс
