Одржана обука за штети кај транспортните компании од М Брокер
Почитувани членки,
Нашата ВИП членка М Брокер ни сподели информација која се однесува за одржана обука на тема „Штети кај транспортните компании – се што треба да знаете“.
„Почитувани,
На 01.04.2026 година како ВИП членка на Асоцијација Макам-транс, М Брокер реализираше настан специјално посветен на нашите членки на темата „Штети кај транспортните компании – се што треба да знаете“.
Предмет за дискусија беа ШТЕТИ кои произлегуваат од класите на осигурување кои ги засегаат превозниците, ЦМР, каско, нематеријални штети, штети по основ зелен картон, карго штети и модулот бонус - малус.
Средбата беше реализирана заедно со партнер фирма со која соработува М Брокер, Адвокатско друштво МИЦЕВ кои се експерти во областа за оштетни побарувања.
На обострано задоволство на настанот се отвори дискусија, преку приказ на реални предмети и секојдневни ситуации со кои се соочуваат превозниците во тековното работење, на што присутните претставници од превозниците и асоцијацијата добија мислење и совет од брокерското и адвокатското друштво.
М Брокер ги поканува и ги охрабрува сите членки на Асоцијација Макам-транс слободно да се обратат за било какви прашања поврзани со осигурување до осигурителниот брокер М Брокер и адвокатското друштво Мицев за правни совети и правни прашања, поврзани за актуелни штети или совети.“
За сите подетални информации може да ги контактирате на:
Осигурително брокерско друштво М Брокер
📞 070 313 161 Ирена
📞 070 769 189 Филип
📩 Ponudi@mbroker.mk
Адвокатско друштво Мицев
📞 070 323 873 Рената
📩 renatavarga@micev.mk
📩 igor@micev.mk
Ваш Макам-транс