Skip to main content Skip to footer

Одржана средба со претставници на Министерство за надворешни работи

Почитувани членки,

Како дел од активностите кои асоцијацијата ги спроведува во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од  УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за стратешки развој, претставници на асоцијацијата одржаа состанок со директоратот за меѓународно право и конзуларни работи во Министерство за надворешни работи (МНР) со цел подобрување на соработката и комуникацијата со амбасадите за побрзо и поуспешно решавање на проблемите со кои превозниците се соочуваат низ државите, како и навремено споделување на информации за законски измени од другите држави, кои навремено би се доставувале до превозниците со што би се избегнале казни за прекршоци поради неинформираност.

Состанокот се одржа во конструктивна атмосфера, договорено е да се одржуваат почести средби на кои ќе се дискутира за проблемите по држави со кои се соочиле превозниците, а надлежните од МНР ќе може да ги проверат и по истите да постапат, кога ќе се одржуваат конзуларни средби со други држави, од директоратот ќе се обраќаат до асоцијацијата за мислење и претставници на асоцијацијата ќе имаат можност да присуствуваат на такви средби, а со тоа да ги застапуваат превозниците и да се изборат против нестандардните мерки кои одредени држави ги спроведуваат спрема превозниците од трети земји.

Претставниците од директоратот кажаа дека ќе се заложат на сите реакции и дописи испратени од асоцијацијата да се добие навремен одговор и соодветна реакција да има од надлежната амбасада, која ќе биде во интерес на превозниците, како проблем е истакнат недостатокот на кадар меѓутоа ќе се заложат да најдат одговори и да ни ги достават за проблеми и отворени прашања од изминатиот период.

Асоцијацијата продолжува да работи во насока на подобрена и навремена информираност кон превозниците со зголемување на соработката со надлежните државни институции и оваа пракса ќе продолжи и во иднина и со останати надлежни министерства со цел решавање на сите проблеми со кои се соочуваме внатре во државата и надвор од нејзините граници.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност