Одржана традиционалната средба на македонски превозници
Почитувани членки,
На 23.09.2025 година во ресторан Потковица Скопје се одржа дваесеттата традиционална средба на превозници во организација на Асоцијација Макам-транс.
На средбата покрај присутните превозници како гости присуствуваа министерот за транспорт г-дин Александар Николоски, претставници од секторот за патен сообраќај и инфраструктура, директорот на царинската управа г-дин Бобан Николовски, претставник на царинската управа и претставници од Државен инспекторат за транспорт.
Генералниот секретар на асоцијацијата Биљана Муратовска, во своето обраќање се заблагодари на соработката на министерот за транспорт и на директорот на Царинска управа, ја истакна важноста од меѓусебната комуникација и потребата заедно да се ангажираме за подобрување на условите за вршење на меѓународен превоз на стока.
Манифестацијата не би била комплетна без присуство на нашите соработници и ВИП членки.
Огромна благодарност до сите превозници кои присуствуваа на манифестацијата.
Како дел од настанот беше и презентацијата за правилата кои треба да се почитуваат во претстојната распределба на годишни ЕКМТ дозволи и годишни поединечни транспортни дозволи за 2026 година, презентација на новиот електронски систем за евиденција на ЕКМТ превози (01.01.2026 година) и примена на ICS2 системот (ENS декларација) во Европска унија.
Албумот со слики од средбата, објавен е на нашата Facebook страна и во делот галерии на нашата веб страна.
Ваш Макам-транс