Skip to main content Skip to footer

Официјално доделување на сертификати за референт за логистика – 6 група

Почитувани членки,

Во текот на вчерашниот ден, 26 март 2025 година, се одржа официјално доделување на сертификати за референт за логистика на шестата група кандидати.

Асоцијација Макам-транс како верификувана институција за образование на возрасни од страна на Министерство за образование и наука во изминатиот период организираше тримесечна обука за референт за логистика, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните, при што нови 24 кандидати се стекнаа со сертификат: Референт за логистика, звање кое е од исклучителна важност за напредокот на сите превозни трговски друштва.

Сите кандидати се стекнаа со основни познавања од областа превоз на стока во патниот сообраќај што ќе им помогне во натамошното градење на своите кариери.

Им честитаме на сите кандидати и се надеваме дека и понатаму ќе ги надградуваат своите знаења од областа.

Слики од настанот може да погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/share/p/1YFcbhB2xx/

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност