Онлајн административна обука за превозници
Почитувани членки,
Со спроведување на дел од Твининг проектот - Поддршка на инспекциските служби за превоз на патници и стока, Државен инспекторат за транспорт Ве поканува на дводневна онлајн административна обука за превозници која ќе се одржи на 09 и 10 февруари 2026 година.
Обуката ќе опфати:
• правна рамка што ги регулира меѓународните и домашните операции во патниот транспорт,
• постапки за лиценцирање и овластување на превозници,
• барања за документација и обврски за водење евиденција,
• стратегии за усогласеност и добри административни практики,
• најнови случувања во законодавството на ЕУ и националното транспортно законодавство.
Со кликнување на линкот подолу најкасно до 26.01.2026 година, регистрирајте се за учество на дводневната обука.
https://mktwinning.gitd.gov.pl/
Работниот јазик на обуката е англиски. Мултимедијалните презентации ќе бидат прикажани на македонски јазик.
Со кликнување ТУКА може да го погледнете документот со насоки за предвидената обука.
Ваш Макам-транс