Обука за возачи – Ц, ЦЕ и Д категорија (Оперативен план 2025)
Почитувани членки,
Агенцијата за вработување (АВРМ), во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2025 година, овозможува бесплатна обука за возачи за Ц, ЦЕ и Д категорија. Обуката е наменета за невработени лица со цел зголемување на нивната вработливост и поддршка за вклучување на пазарот на трудот.
Може да аплицираат сите регистрирани невработени лица во евиденцијата на АВРМ кои ги исполнуваат условите за стекнување со овие категории.
На следниот линк https://shorturl.at/rgDUH може да го погледнете целосниот оперативен план, да ги видите сите мерки бидејќи може да комбинирате повеќе обуки.
Лицата кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе имаат право да полагаат за возачки испит во лиценцирани испитни центри, а обуката ќе трае еден месец.
За повеќе информации обратете се во локалните канцеларии на АВРМ.
Ваш Макам-транс