Skip to main content Skip to footer

Покана за традиционална средба на превозници 2024 година

Почитувани членки,

На 26 септември (четврток) со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи традиционалната средба на превозници во ресторан Потковица, Хиподром Скопје.

Настанот е предвиден како манифестација од повеќе активности, но основната цел на самиот настан е претстојната апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2025 година.

Традиционално ќе има мини саем на кој пред Вас ќе се претстават нашите ВИП членки и соработници презентирајќи ги своите услуги и производи кои се неопходни за вршење на дејноста.

Оваа година посебен акцент се става  на промената на критериумите на Уредбата за учество во електронската распределба на ЕКМТ дозволи.

Ќе ни биде особена чест да бидете дел од овогодинешниот настан кој ќе го заокружиме со дружење и коктел забава.

За учество на настанот утврдена е котизација од 2.000 денари по учесник. 

Ве молиме најдоцна до 20 септември пријавете се на мејл info@makamtrans.org.mk или на телефоните 070 695 216, 072 312 001, 072 312 101, 078 392 020, 078 399 019 и 077 817 463.

Детали за агендата ќе добиете дополнително.

Ви стоиме на располагање за проверка на податоците внесени во личниот картон на секој превозник поодделно како основ за пресметки на бодови за учество во распределбата.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност