Поврат на патна такса од Јавно претпријатие за државни патишта
Почитувани членки,
Ве потсетуваме дека имате можност за повраток на патна такса од Јавно претпријатие за државни патишта во Македонија.
Правото за повраток на патна такса го имаат сите превозни трговски друштва кои регистрирале возила во Македонија, а возилата во текот на годината не ги користеле секојдневно патиштата во Македонија, односно биле управувани и користеле патишта во странство.
Изработката на пресметките и барањата за повраток на средства како дел од нашите услуги може да го вршите преку канцелариите на Асоцијација Макам-транс во Скопје и Битола. Колку порано ги поднесете документите толку побрзо ќе добиете поврат на вашите средства, дел од превозниците прават поврат на 30-40% од средствата кои ги имаат уплатено за патна такса при регистрација на возилата.
Сите заинтересирани за изработка на потребните документи за повраток на средствата од патната такса треба да ги достават следните документи кои се потребни за подготвување на барањето:
– Копии од сообраќајни дозволи (со важечка регистрација),
– Копии од Банков извод каде се гледа дека е направена уплата до Јавното претпријатие за државни патишта во Македонија,
– Копија од ЦМР-и за 2025 година со кои се потврдува дека возилото не престојувало во државата.
Ви напоменуваме дека ЦМР-ите мора да бидат подредени по датум од 01.01. до 31.12.2025 година и поделени за секое возило одделно, исто така на секој ЦМР мора да има датум на утовар и истовар, како и печати од испраќачот и приемачот на стоката.
По извршени консултации со Јавното претпријатие за државни патишта ни беше посочено дека во приложените ЦМР-и за извршените превози мора да имате приложено и неколку оригинални ЦМР-и, за поверодостојно докажување на превозите.
За подетални информации јавете се во нашите канцеларии во Скопје на 078 399 019 / 070 695 216 / 072 312 101 / 072 312 001 и Битола 077 817 463 или на info@makamtrans.org.mk.
Ваш Макам-транс