Skip to main content Skip to footer

Правила за размена на ЕКМТ дозволи

Почитувани членки,

Согласно Член 69-в од Закон за превоз во патниот сообраќај, во процесот на распределба на ЕКМТ дозволите, доделените ЕКМТ дозволи можат да се разменуваат (една за една) исклучиво врз основа на потпишана спогодба меѓу двајцата превозници во период од два дена по објавување на распределбата на интернет страницата на Министерство за транспорт. Што значи периодот за размена е (четврток) 28.11.2025 и (петок) 29.11.2025 година.

Под размена се подразбира директна размена на добиени ЕКМТ дозволи, а не виртуелно префрлање од еден на друг дозволи кои на крај стасуваат до трет превозник. Ова значи дека еднаш заменета дозвола не смее да се користи во понатамошна размена.

Потпишаната спогодба за размена меѓу двајцата превозници (во два примерока) се поднесува во писарницата на Министерство за транспорт, од страна на едниот потписник.

Урнек на спогодбата може да преземете со кликнување ТУКА.

Доколку имате потреба од дополнителни информации во однос на правилото за размена слободно контактирајте не.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност