Прелиминарна листа од распределбата на ЕКМТ годишни дозволи за 2025 година
Почитувани членки,
на веб страната на Министерство за транспорт https://mtc.gov.mk/ објавена е прелиминарната листа од распределбата на ЕКМТ годишни дозволи за 2025 година, како и во електронскиот систем pristappgoods.mtc.gov.mk кај секој превозник поединечно во делот „Резултати од распределба“.
Резултатите може да ги преземете на линкот подолу:
Прелиминарна листа за ЕКМТ годишни дозволи за 2025 година
Асоцијација Макам-транс како и секоја година ќе изработи детална анализа за прелиминарната распределба и ќе ја објави. Ве информираме дека гранична вредност на ниво на сите превозници е 46 бода, сите превозници со просек 44 па нагоре влегуваат во распределба, освен превозниците од едно до пет возила кои немаат минимум просек еднаков или поголем од граничната вредност која е 46 бода. За задржување на Г6 и А6 потребно е минимум 48 просек (46+2), додека за задржување на Р6, И6, О6 и У6 потребно е да имате просек минимум 47 (46+1). Во распределбата за да се добие Г6 и А6 граничната вредност се зголемува за 2 бода, односно потребно е да имате минимум 48 просек (46+2), додека за добивање на Р6 и И6 потребно е да имате минимум 47 просек (46+1).
Ваш Макам-транс