Skip to main content Skip to footer

Прелиминарна листа од распределбата на годишни ЕКМТ дозволи за 2027 година

Почитувани членки,

на веб страната на Министерство за транспорт https://mtc.gov.mk/ објавена е прелиминарната листа од распределбата на ЕКМТ годишни дозволи за 2027 година, како и во електронскиот систем pristappgoods.mtc.gov.mk кај секој превозник поединечно во делот „Резултати од распределба“.
Резултатите може да ги преземете на линкот подолу:

Прелиминарна листа за ЕКМТ годишни дозволи за 2027 година

Асоцијација Макам-транс како и секоја година ќе изработи анализа за прелиминарната распределба и ќе ја објави. Ве информираме дека гранична вредност на ниво на сите превозници е 42 бода, сите превозници со просек 40 па нагоре влегуваат во распределба, освен превозниците од едно до пет возила кои немаат минимум просек еднаков или поголем од граничната вредност која е 42 бода. 
За задржување на Г6 и А6 потребно е минимум 43 просек (42+1), додека за задржување на Р6, И6, О6 и У6 потребно е да имате минимум просек колку што е утврдената гранична вредност.

Во распределбата за да се добие Г6 и А6 граничната вредност се зголемува за 1 бода, односно потребно е да имате минимум 43 просек (42+1), додека за добивање на Р6 и И6 потребно е да имате минимум просек колку што е утврдената гранична вредност.

Ваш Макам-транс

Автор

Асоцијација Макам-транс

Поставки за колачиња

Оваа веб страна користи "колачиња" за да го подобри корисничкото искуство. Со кликнување на "Прифати", се согласувате со употребата на ЗАДОЛЖИТЕЛНИ "колачиња".
За повеќе информации, кликнете на следниот Приватност