Процедура за виза за Швајцарија - професионални возачи
Почитувани членки,
Асоцијација Макам-транс се обрати до Амбасадата на Швајцарија во Косово и поднесе барање за информација во врска со процедурата за добивање на виза за возачите на товарни моторни возила кои вршат утовар / истовар од Швајцарија.
Согласно одговорот кој е проследен до нас останува обврската за поседување на виза доколку се врши билатерален или превоз за и од трета земја. За транзитни превози низ територија на Швајцарија не е потребна виза.
Закажувањето на термин и праќањето на потребната документација за виза се врши директно преку Амбасадата на Швајцарија во Косово. Достапноста на термини и обработката на документите зависи од периодот на поднесување (поголема сезонска работа), за што се препорачува апликацијата за виза да се поднесува однапред – навремено.
Со кликнување ТУКА може да ја преземете официјалната листа со потребни документи за поднесување на виза за професионални возачи, со цел закажување на термин во амбасадата преземете го контакт формуларот со кликнување ТУКА.
Ваш Макам-транс