Процес на TIMOCOM регистрација - доделување на TC ID број
Почитувани членки,
Ви споделуваме информација од нашата ВИП членка TIMOCOM која се однесува доделување на TC ID бројот.
„Откако TIMOCOM ќе ја потврди валидноста на регистрацијата, компанијата автоматски добива TIMOCOM ID број(или TC ID), единствен идентификациски број во рамките на системот. Овој ID служи како примарен идентификатор на компанијата во сите модули на платформата – од транспортната берза до комуникацијата со други корисници.
TC ID ѝ овозможува на компанијата да објавува понуди со товари и слободни возила, да одговара на понуди од други, да учествува на тендери и да користи дополнителни услуги во системот.
Во TIMOCOM системот, секој корисник добива единствен TC ID број, кој има повеќекратна улога во идентификацијата, проверката и оценувањето на доверливоста на фирмите во рамките на логистичката мрежа. Овој број се доделува хронолошки, па помалиот TC ID е показател дека фирмата порано влегла во системот, односно дека има подолг стаж на користење на платформата. Уште поважно - TC ID се доделува само еднаш и никогаш не се повторува. Ако фирмата еднаш раскине договор со TIMOCOM, нејзиниот број станува трајно неактивен и не може повторно да се користи.
Поради тоа, компаниите со постар (помал) TC ID број имаат дополнителен кредибилитет - тој означува дека се долгорочни и континуирани корисници на системот, без прекин на соработката.
За дополнителни информации контактирајте ја нашата членка на следните телефонски броеви:
☎️ +49 211 88 26 88 26 и +49 211 88 26 14 00 или на
📩 мејл: info.mk@timocom.com
Ваш Макам-транс