Проект - со континуирано учење заедно со превозните трговски друштва одиме напред
Почитувани членки,
Денес 23.12.2024 година, се одржа завршен состанок со претставници на Консалтинг за стратешки развој, кој ни помагнаа и заедно со нас го спроведуваа проектот ,,Активност за јакнење на деловниот екосистем”, финансиран од УСАИД.
Со овој проект, како асоцијација, а во интерес на сите превозници се обезбеди нова и модерна ВЕБ страна со содржини кои се во Ваш интерес од аспект да имате поголем број на алатки со кои брзо и ефикасно ќе стасате до нови и битни информации за вршење на дејноста:
-Судска пракса (дадени се позитивни пресуди во Р.Македонија и позитивни решени случаи за изречени казни за сторени прекршоци во други држави);
-Мапа за горива и враќање на ДДВ по држави (можност да се пресметува цена на превоз со актуелни цени за гориво и стапки на ДДВ, теоретско објаснување на важноста на пресметката на потрошувачка на гориво, со осврт на сите трошоци кои се дел од калкулациите за успешна работа на превозниците);
-Пријави мито и корупција (преведена на четири јазици);
-Пријави мигранти (преведена на четири јазици);
-Најчесто поставувани прашања;
-Упатства и информации;
-Листа на фирми кои имаат лиценца за организација на превоз на стока и
-Национални и меѓународни законски прописи, информации за билатерални спогодби од областа на превоз во патниот сообраќај по држави.
Огромна благодарност за можноста која ни беше дадена, со проектот во прва и втора фаза да постигнеме континуитет во работата на асоцијацијата, а со тоа да овозможиме можност за одржлив раст и развој на превозните трговски друштва и нивните вработени.
Ваш Макам-транс